Малолетен пешак тешко повреден по удар од автомобил

Малолетен пешак од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко моторно возило. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Надлежните информираат дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Според информации од министерството за внатрешни работи, вчера во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонско Косовска Бригада" со ул.„Џон Кенеди" и ул.„362" во Скопје, патничко моторно возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе