Сисачко-мославачката полиција соопшти дека во несреќата загинал возачот на камионот, кој бил македонски државјанин. Во автобусот послесно се повредени 15-тина патници, од кои осуммина се пренесени во болница во Нова Градишка.
Хрватскиот автоклуб (ХАК) соопшти дека поради несреќата се вози по една коловозна лента, што предизвикало формирање колона од неколку километри.
Во тек е увид на самото место. Македонското МНР засега нема детали за несреќата.