Македонски државјанин загина во Косово, удрил во бетонски столб

Македонски државјанин рано утрово загина во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Приштина – Урошевац, откако со своето возило излетал од патот и удрил во бетонски столб, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за несреќата, во која загинал маж на 34-годишна возраст со иницијали А.Ј., во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на косовската полиција за приштинскиот регион, Фљорие Ахмети.

„Денеска околу 5 часот добивме информација за сообраќајна несреќа на патот Приштина – Урошевац, кај селото Лапнасело, во која учествувало едно патничко возило. Како последица на несреќата, загина едно лице, кое управувало со возилото. Смртта на А.Ј., 34-годишен маж, државјанин на Република Македонија, на местото на настанот ја утврди лекарска екипа“, изјави Ахмети.

По налог на надлежен обвинител, телото на загинатиот е предадено во судска медицина за обдукција, а екипа на сообраќајната полиција изврши увид на местото на настанот.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе