Македонски државјанин уапсен во Приштина по потерница од Интерпол

Косовската полиција објави денеска дека постапувајќи според меѓунаордна потерница издадена од Интерпол, синоќа во Приштина уапсила државјанин на Република Северна Македонија.

Во редовниот 24-часовен полициски билтен, како што јави дописникот на МИА од Приштина, се наведува дека апсењето го извршила специјална полициска единица вчера околу 20:45 часот, а нема информации за идентитетот на уапсениот, ниту за делото за кое е распишана потерницата од Интерпол.

„Од страна на Единицата за избегани лица, „Фаст Косова", во соработка со специјалната единица, врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол, уапсен е бегалец од албанска националност, македонски државјанин“, се вели во полициското соопштение.

По налог на надлежен обвинител, на уапсеното лице му е одредена мерка притвор, соопшти полицијата.

Кој беше против осудата на комунизмот. За работите да станат појасни.

повеќе

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе