Македонски државјанин уапсен во Драч, во камион со железо имал и 300 килограми кокаин

Во Драч, Албанија биле откриени и запленети околу 300 килограми кокаин, скриен во кутии со логоа на Чикаго Булс, Пари сен Жермен и Диор, при во контрола на македонски камион кој превезувал железо, објави албанската полиција на официјалниот Фејсбук профил.

Кокаинот бил скриен во шасијата на камионот.

Возачот на камионот, македонски државјанин Н.А. (40) бил уапсен, а дрогата е запленета.

По овој успех на полицијата од Драч и на пристанишните полициски органи, Обвинителството за округот Драч формирало тим кој започнал со истрага на ова криминално дело за да се откријат и други вмешани лица или криминални групи на криминален синџир.

 Фото: Фејсбук профил на албанска полиција

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе