Македонски државјанин киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Албанската полиција уапсила две лица под обвинение дека во Тирана завчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин, кому му барале 250.000 евра. Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор. Во рамки на полициската акција „ Lake", уапсени се Алберт Џ.(41), и Сокол М. (42), жители на Тирана, додека од слобода ќе се брани Суби Е.(50) жител на Струга, Македонија.

Тројцата граѓани во соработка еден со друг кај планината Фарка,во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В.(23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра, пренесуваат полициско соопштение албанските медиуми.

Досието е доставено до Јавното обвинителство во Тирана за понатамошно постапување.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе