Македонски државјанин фатен со 16 килограми дрога во Србија, изјавил дека е молер

Македонски државјанин е уапсен во Србија откако преку граничниот премин Прешево се обидел да прошверцува 30 пакети во кои имало16 килограми марихуана.

Српските медиуми пишуваат дека дрогата била откриена при детален преглед на возилото со кое се превезувал триесетгодишниот македонски државјанин.

„Марихуаната била сокриена во наслоните од седиштата, гепекот и резервното тркало. На цариниците им тврдел дека нема ништо да пријави и оти е само молер, кој оди за Хрватска. Пронајдени биле вкупно 30 пакети во автомобилот, како и две кеси при личен претрес“, објавија медиумите во Србија.

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе