Македонски државјанин баран со потерница уапсен на преминот Морина

Албанската полиција на граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница кај Кукс уапсила македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од австриските власти.

„Македонскиот државјанин Р.М.(25), жител на Скопје, приведен е при влез на албанска територија на граничниот премин Морина, откако при контрола пронајден е во системот како лице барано со меѓународна потерница. Меѓународната потерница е распишана од властите во Виена, Австрија на 29 јануари 2018 година и се бара за кривични дела – разбојништа“, се наведува во полициското соопштение.

Полицијата од Кукс и канцеларијата на Интерпол Тирана, во соработка со Обвинителството на Кукс, ги преземаат со закон предвидените активности, по што Р.М. ќе биде екстрадиран во Австрија.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе