Македонски државјанин баран со меѓународна потерница, уапсен во Драч

Државјанин на Македонија баран со меѓународна потерница издадена од македонските власти, албанската полиција го уапси во пристаништето Драч, при обид да ја напушти албанската држава.

„На излез на граничниот премин во Драч, службите на граничната полиција, како резултат на зголемените мерки и размена на информации со Интерпол Тирана, го приведоа М.О. (32) државјанин на Северна Македонија, баран со меѓународна потерница“, го пренесува МИА полициското соопштение.

Во него се додава дека за време на обработката и верификацијата на податоците во системот, за овој граѓанин се покажало дека е меѓународно барано лице, откако Судот  во Македонија го осудил на четири години затвор за кривично дело „илегална организација на имиграција“.

Полицијата информира дека на крајот од истражните дејствија на стручните лица на одделот за истраги на криминал при полицискиот комесаријат Драч, извршиле привремено апсење на ова лице, со цел негова екстрадиција во земјава.

Претходно во неколку одделни случаи се уапсени и други македонски државјани кои биле барани со меѓународна потерница.

На 19 јули на преминот Тушемиште – Свети Наум, на албанско – македонската граница, при влез во Албанија уапсена е А.М.(35) жителка на Охрид, барана со меѓународна потерница, издадена од норвешките власти, поради „семејно насилство и киднапирање“.

Претходно на 11 јули на граничниот премин Ќафасан, кај Струга, исто така при влез на албанска територија, уапсен беше Ф.В. (39), жител на село Велешта-Струга. Против него шестиот федерален кривичен суд во Рио де Жанеиро, Бразил, издал налог за апсење за кривично дело „трговија со наркотици“.

Три дена подоцна на преминот Морина, пак, на албанско - косовската граница, кај Кукс, службите на албанската гранична полиција, го уапсија Џ.Ф. (38), жител на Скопје, баран со меѓународна потерница, за кривични дела „кражби“ и „трговија со наркотици“, распишана од белгиските власти.

 

 

 

 

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе