Македонски државјанин баран по потерница, приведен во Ќустендил, чека екстрадиција

Судот во Ќустендил во Бугарија му изрече мерка притвор на Е.Н.(52), државјанин на Македонија кој е во постапка за екстрадиција, јавува МИА од Софија.

Окружното обвинителство во градот соопштило дека лицето било приведено од полицијата на барање на судските органи на Северна Македонија.

„Тој е осуден од Основниот суд во Скопје  на три години затвор за измама и е распишана меѓународна потерница по него. Осуденикот довел во заблуда друго лице при купување автомобил БМВ“, стои во соопштението.

До екстрадицијата во земјава Е.Н. ќе го издржува притворот во затворот Бобов Дол.

 

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе