На пат за Копаоник

Македонски автобус се преврте во Србија, повредени 12 лица

Едно лице е тешко повредено, а 11 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, кога околу 10 часот се преврте автобус од Северна Македонија, кој превезувал патници до Копаоник. 

Според првичните информации, едно лице е тешко повредено и е пренесено во болница во Прокупље. Единаесет лица се со полесни повреди и се згрижени во Здравствениот дом во Блаце.

Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помогна на повредените и во тек е нивна згрижување, велат од Здравствениот дом во Блаце.

Засега, не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите.

МИА

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе