Сузбиена голема криминална група

Македонската, заедно со австриската и српската полиција заплени дрога вредна еден милион евра

Во ноември и декември годинава македонската, во соработка со австриската и српската полиција, пресечени се повеќе меѓународни канали и запленети се 17 килограми наркотична дрога хероин и пет килограми кокаин, кои на нелегалниот пазар достигнуваат вредност од околу еден милион евра, Приведени се 12 лица, соопшти МВР.

Во ноември МВР на Македонија во координација на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со полицијата од Србија и Австрија почна меѓународна истрага за откривање на организирана криминална група составена од македонски државјани кои вршеле продажба и транспорт на хероин во регионот и во земјите од Западна Европа.

На 20 ноември во Долна Австрија, Австрија, приведени се двајца македонски државјани, С.Р. (27) и К.Џ. (58). Кај нив биле пронајдени пет килограми хероин со многу висок квалитет.

На 3 декември во Унгарија на излез на граничниот премин Хоргош уапсени се македонските државјани Е.А. (48) од Скопје, нејзината керќа Ш. А. (21) од  Скопје и Ш.И. (27) од Скопје. Во нивниот џип „мерцедес“ биле пронајдени пет килограми кокаин во специјално направен бункер.

Австриската полиција на 6 декември во Виена го приведе албанскиот државјанин Б.Т. (30) и македонскиот државјанин Б. Џ. (47) од Битола, кој привремено престојувал во Виена. И кај нив биле пронајдени пет килограми хероин.

Меѓународната истрага продолжи и на 26 декември во Србија, во Врање и Нови Сад, во заедничката и координирана акција на српската и македонската полиција, приведени се тројца македонски државјани, Р.Ф. (48) од Тетово , А.С. (45) од Скопје и С.С. (47) од Куманово во обид да продадат хероин на српски државјанин. Хероинот бил скриен во патнички автомобил во резервно тркало. Хероинот бил пакуван во 13 пакувања со вкупна тежина од седум килограми со многу висок квалитет.

Веднаш по овие акции, извршени се претреси на две локации во Тетово, две во Скопје и една во Куманово, кај лица кои се дел од оваа криминална група. При претресите уапсени се двајца македонски државјани Х.Ф. (45) од Тетово и Ј.А. (48) од населба Синѓелиќ, кои се дел од организираната криминална група и пронајдени се пари кои потекнувааат од продажба на наркотична дрога, помала количина на наркотична дрога кокаин и една вага, како и многу докази со кои се потврдува нивната инволвираност во вршењето на кривичното дело недозволена трговија со наркотични дроги .

По целосно комплетирање на доказите против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти МВР.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе