Неделен извештај

Македонската царина заплени облека, цигари, парфеми и друга стока

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, инсектициди, хербициди, автоделови, алати, мопед, облека, очила, козметика, парфеми, тоалетни води, смартфони, девизи и фалсификати.

Шеесет штеки цигари марка Marlboro без акцизни маркички откриени при контрола на косовски камион, натоварен со овошје и зеленчук, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Непријавените цигари, пронајдени во две прегради за алат што се наоѓаат од надворешните страни на кабината, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. – 41 штеки цигари, откриени во три одвоени случаи на граничниот премин Блаце, при контрола на три косовски автомобили, пријавени за влез во државата.

Во првиот случај, во багажникот, во торби на сопатничка во возилото, биле пронајдени 26 штеки цигари Winston со косовски акцизни маркички, од кои една штека ѝ била вратена на патничката, а 25 штеки биле привремено задржани. Во вториот случај, во торбите на патник во возилото, сместени во багажникот, биле пронајдени 10 штеки цигари Winston со македонски и косовски акцизни маркички, од кои 1 штека му била вратена на патникот а 9 штеки биле привремено задржани.

Во третиот случај, исто така во багажникот, во торби на сопатничка во возилото, биле пронајдени 8 штеки цигари Ronhill и Winston без акцизни маркички, од кои 1 штека ѝ била вратена на патничката, а 7 штеки биле привремено задржани. Во сите три случаи против сопствениците на непријавените цигари ќе бидат поведени прекршочни пријави.

6 штеки цигари марка Marlboro без акцизни маркички, откриени при контрола на бугарски автомобил со кој за влез во државата на граничниот премин Меџитлија, се пријавиле двајца македонски државјани. Непријавените цигари, пронајдени под патосницата пред совозачкото седиште, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Препарати за заштита на растенија – 44 килограми инсектицид во гранули, марка ROVOCID и GALITION Extra (44 пакувања од по 1 килограм), 1600 ml течен инсектицид-концентрат за емулзија ETIOL (16 пакувања од по 100 ml) и 490 грама хербицид TEZIS (49 пакувања од по 10 g), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи, пронајдени во багажникот, на задното седиште, помеѓу седиштата и под совозачкото седиште, се привремено задржани, а против сопатникот во возилото, кој се пријавил како сопственик на производите, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка. Автоделови, алати и мопед – 93 нови и употребувани автоделови и алати (филтри за воздух, рамо за предница, водни пумпи, јабучици, ребрасти ремени, филтри за масло, филтри за гориво, гуртни, амортизери, ремен со затегач, спреј за чистење на маснотии на мотор, пневматски пиштоли, кабли за стартер, брусалки, хромирани ауспуси, стартер, ладилници за моторцикл, индустриски фен, машина за чистење чевли и сетови рачен алат), откриени при контрола на стока со потекло од Швајцарија, наменета за увозник од Кичево, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга.

Облека

100 парчиња облека, 48 пара обувки и 2 спортски ранци, откриени во
два одвоени случаи, при контрола на еден камион и еден автомобил,
пријавени за влез во државата на граничниот премин Дојран.
Во првиот случај, во сандаците за алат, како и во преградите за личен
багаж, врз горниот кревет и под долниот кревет во кабината на босански
камион, управуван од босански државјанин, биле пронајдени 58 парчиња
облека (јакни, дуксери, тренерки, спортски градници и блузи со кратки
ракави), 48 пара обувки (патики и влечки) и 2 спортски ранци.
Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе
биде поведена прекршочна постапка. Истовремено, поради тоа што
производите имале ознаки на заштитена трговска марка, ќе биде поведена
и постапка за утврдување на нивната оригиналност.
Во вториот случај, во багажникот на грчки автомобил, управуван од грчки
државјанин, биле пронајдени 42 пара фармерки. Непријавените фармерки
се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна
постапка.

57 парчиња женска облека (панталони, фустани, палта и блузи), откриени
при контрола на македонски автомобил, со кој за влез во државата, на
граничниот премин Богородица, се пријавиле двајца македонски
државјани. Непријавените производи пронајдени во три патни торби
сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против
возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. 

 

 

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе