Македонка, позната инфлуенсерка во Австралија, осудена на 18 месеци затвор

Гламурозната Инстаграм инфлуенсерка Маргарита Томовска од Австралија е осудена на казна затвор откако со својот „мерцедес" се обидела да им побегне на полицајците возејќи дури 230 км на час на автопатот Принцес во близина на Хелсенбург, jaвија австралиските медиуми.

Маргарита Томовска, или како што ја викааат „Мерцедес мама“, воопшто не реагираше кога судијката ја осуди на 18 месеци затвор.

Томовска, која најпрво на својот Инстаграм профил објави дека носи облека од 15.000 американски долари, најави дека ќе поднесе жалба и ќе бара ослободување со кауција.

Таа на судското рочиште изјавила дека возела брзо под принуда од нејзиниот „опасен“ машки патник Кристофер Кинг. Во возилото имало и тригодишно дете. Таа не заборави да каже дека нејзиниот „мерцедес АМГ“ вреди 450.000 американски долари.

На полициската снимка за време на приведувањето, полицајците ја прашаа Томовска зошто возела така брзо. Таа одговорила дека била исплашена.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе