Македонец загина додека менувал гума на комби во Швајцарија

Дваесет и четиригодишен Македонец загинал во Швајцарија, откако бил прегазен додека менувал гума на комби.

Како што пренесува порталот decotidien.com сообраќајката во која настрадал Адем Б.(24) од Македонија се случила на автопатот А1 во кантонот Сент Гален.

Возач на комби пријавил во локалната компанија за помош на пат дека му е дупната гумата, па на повикот бил испратен Адем Б.(24), кој за кусо стигнал на местото. Тој заедно со возачот(50) со дигалка почнале да го креваат возилото за да ја сменат левата предна гума. Тогаш во нив налетал автомобил „Алфа Ромео", по што работникот и возачот со тешки повреди биле пренесени во болницата. Лекарите се обидувале да го спасат Адем, но тој истата вечер починал.

Сопственикот на компанијата во која работел македонскиот државјанин е шокиран од несреќата, но не ја коментирал бидејќи немал официјални информации од полицијата. Колегите на загинатиот, пак, имаат само пофални зборови за Адем, кој бил вреден и посветен работник.

Од полицијата нема подетални информации за несреќата освен дека комбито било регуларно паркирано на лентата.

Наводно, човекот зборувал на мобилен телефон кога удрил во настраданите.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе