Македонец во Австралија ја убил сопругата и ја фрлил во грмушки

Македонецот од Мелбурн, Австралија, Борче Ристевски, се изјаснил за виновен за убиство без умисла во врска со смртта на неговата сопруга Карен, во пресрет на неговото судење во Врховниот суд на австралиската сојузна држава Викторија, пренесуваат австралиските медиуми.

Австралиските власти го осудија Македонецот Борче Ристевски за убиство на неговата сопруга Карен пред две години. Тој се изјасни за виновен, и сега пресудата треба да ја потврди Врховниот суд.

Се уште не се знаат мотивите за убиството но се претпоставува дека причина е лошата финансиска состојба во која западнал Борче. Карен пак имала дуќан за гардероба, објавуваат австралиските медиуми

По убиството Борче го зел телото со себе во автомобилот и го исклучил сигналот на мобилниот телефон. Го фрлил во грмушки во близина на парк каде се собрале Македонци и го затскрил со лисја.

Полицијата го нашла телото неколку месеци претрага која опфаќала дури и шахтите во околниот кварт.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе