Македонец уапсен на граничниот премин Ќафасан

Македонски државјанин утрово е уапсен на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, откако при конролата било утврдено дека се бара со меѓународна потерница издадена од Интерпол Бугарија.

Според албанската полиција станува збор за Р.Х.(52), кој се бара за кривично дело „кршење на законот против монетарниот и кредитниот систем".

„Македонскиот државјанин Р.Х. жител на Скопје беше уапсен при влез во Република Албанија, бидејќи при проверката на документацијата во системот, беше утврдено дека се бара со меѓународна потерница. Потерницата е издадена од канцеларијата на Интерпол, Софија по барање на Судот во Благоевград, Бугарија, за кривично дело за кое бугарскиот кривичен законик предвидува максимална затворска казна во траење од осум години“, стои во полициското соопштение.

За понатамошно дејствување информирана е Канцеларјата на Интерпол Тирана со цел негова екстрадиција во Бугарија.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе