Мајка од Скопје се жали на расистички напад врз нејзините деца

Милена А. Милошевска на својот Фејсбук-профил информира дека на скопскиот плоштад „Македонија" имало расистички напад врз нејзините три малолетни деца.

Како што пишува мајката, покрај вербалните навреди упатени кон нејзините деца, синот бил и физички нападнат.

Од МВР велат дека случајот е пријавен во полиција.

„Вчера во 21.40 часот во ПС Центар М.А.М. (38) пријавила дека дента во 18.20 часот на плоштадот Македонија во Скопје нејзиниот 13-годишниот син со своите 9-години брат и сестра биле нападнати од две непознати лица. Полицијата го расчистува случајот и ги бара насилниците", велат од МВР.

Според Милена А. Милошевска и претходно таа и децата трпеле навреди од расистички причини.

„Син ми Нишон (13г.) и неговите брат и сестра (9г.) одејќи кон музичкото училиште, на плоштадот Македонија во родниот ни наш град Скопје, биле нападнати вербално на расна основа од страна на двајца млади мажи околу 20г. Им го попречувале патот и ги нарекувале (Niggers). Син ми, Нишон е удрен со многу силна тупаница по главата (повреден) поради тоа што ги прашал дечките зошто ги навредуваат и дали тоа го прават на секој поразличен физички од нив...
Имало луѓе наоколу, но никој ништо не сторил во моментот.
Дечките избегале, јас како мајка случајот, потоа, го пријавив во полиција и им ветувам на моите деца, дека јас како нивен протектор, овде дома во РСМ нема да дозволам повеќе да бидат/бидеме вербално и физички напаѓани без никаква основа, а никако па на расна основа...
Значи навреди како:„ (Nigger), „Црнчуго", Циган" не се забавни и нема да пројдат онака" напиша мајката на децата на својот Фејсбук профил.

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе