Ловочувар повредил жител на Македонски Брод со огнено оружје

Шеесет и тригодишен жител на Македонски Брод бил повреден од проектил испукан од невнимание од 50-годишен ловочувар, негов сограѓанин, по што е донесен во Здравствен дом во таа општина.

Случајот бил пријавен вчера во 9,50 часот во полициската станица во Македонски Брод. Како што соопшти МВР, С.П. (63) бил повреден од огнено оружје во одгледувалиште на диви свињи во атар на селото Грешница.

„Т.Т. (50) од Македонски Брод, вработен како ловочувар, поради невнимание испукал проектил кој го погодил С.П.. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица од Македонски Брод и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе