Ловел дивеч со поставени сајли и завршил во притвор
Тетовската полиција влера го привеле К.Н. (65) од село Глоѓи, тетовско, поради сомневање дека на шумски пат во атарот на селото Јелошник поставил сајли за лов на дивеч и со тоа сторил кривично дело „незаконит лов“, согласно член 228 од Кривичниот законик.
К.Н. бил задржан во полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.