„Лов“ на пијани возачи во Тетово и Гостивар, казни за 16 лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници на СВР Тетово синоќа од 22 часот до 4 часот изутринава спровеле акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

Во контролата, како што посочуваат од МВР, биле санкционирани 16 пијани возачи, односно 9 во Тетово и 7 во Гостивар. Сите се исклучени се од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци. Покрај ова, санкционирани се и 20 други видови сообраќајни прекршоци, информираат од МВР.

Од Секторот за внатрешни работи апелираат возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, бидејќи ќе ја доведат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, да не возат пребрзо и целосно да ги почитуваат важечките сообраќајни правила и прописи на патиштата и улиците.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе