Пријавената, во месец октомври 2018 година на женско лице од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а за услугата договорила за себе 1.500 денари месечна камата сѐ до враќање на главниот долг. С.И., злоупотребувајќи ја тешката имотна состојба и потребата на пријавителката, во периодот од ноември 2018 до март 2022 година остварила противправна имотна корист во износ од 33.000 денари и предмет во вредност од 20.700 денари. Односно, оштетената за заем од 50 евра на пријавената ѝ вратила 53.700 денари.
Лихварка од Кочани за заем од 50 евра, наплатила над 53 илјади денари
Црна хроника
Објавено на
13 Мај 2022 - 16:23