МВР информира

Жител на Охрид е лицето чие безживотно тело е извадено од Охридското Езеро

По вчерашната вест дека безживотно тело на маж е извадено од водите на Охридското Езеро, денеска МВР информира дека станува збор за 66 годишен жител на Охрид.

„Вчера во 07.30 часот во СВР-Охрид, Б.П.(34) од Скопје пријавил дека во водите од Охридското езеро на ул.„Кеј Македонија", кај малото пристаниште, забележал тело. Констатирано е дека се работи за Љ.А.(66) од Охрид. Смрт без видливи повреди на телото е констатирана од доктор од итна медицинска помош. Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција“, се вели во соопштението на МВР.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе