Лице со прострелни рани примено во струшката болница, пријавил лекарот

Денеска во струшката болница примено е педесет и петгодишно лице од Велешта со две прострелни рани во градниот кош.

Случајот во полиција го пријавил лекар од Општата болница во Струга.

„Во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, со прострелна рана е примен Д.Б. (55) од струшкото село Велешта. Полицијата врши увид на местото на настанот и презема мерки за разјаснување на околностите под кои се случило пукањето,“ изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според првичните информации, настанот се случил во куќа во Велешта, во која не живеел никој, а била во сопственост на близок роднина на повредениот. 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе