Во беровско Будинарци

Лажирал сопствено грабнување за да земе 10.000 евра од својот татко

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Берово вчера го привеле М.П. (29) од беровското село Будинарци, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“, соопштија од МВР.

„М.П. во текот на вчерашниот ден самоволно измислил и фингирал сопствено наводно грабнување, за кое изјавил дека го сторил од финансиски причини. Имено, неговиот татко Д.П. (57) вчера околу 18.00 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово пријавил дека добил смс-порака од телефонот на неговиот син, со која се барало изнуда од 10.000 евра за да биде пуштен неговиот син“, појаснуват од МВР.

Порака со слична содржина на апликацијата „месинџер“ добила и неговата снаа М.П. Во координација со Јавен обвинител и во соработка со полициски службеници од СВР – Штип биле преземени мерки и активности, а на разговор биле повикани Љ.П., брат на пријавениот и М.П., сопруга на пријавениот, чиј мобилен телефон со потврда бил привремено одземен.

„Малку подоцна Д.П. пријавил дека откако ги оставил парите на наведената локација, М.П. се вратил дома, по што и тој бил повикан на разговор во просториите на ОВР Берово, при што го признал делото, а парите биле пронајдени и му биле вратени на неговиот татко“, велат од МВР.

По целосно комплетирање и документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Кочани ќе биде изготвен и доставен поднесок по член 258 од Кривичниот законик за „изнуда“.

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе