Куршум испукан на свадба повреди маж

Вчера околу 15 часот, во полициска станица Гостивар од страна на Медицински центар-Гостивар е пријавено дека бил донесен Ц.Ѓ.(31) од гостиварското село Тумчевиште со прострелна рана во пределот на вилицата, кој по укажана лекарска помош, е пренесен во Клинички центар-Скопје.

За настанот e известен  Јавен обвиннител, а од страна на увидна екипа излезено е на местото на настанот, каде е констатирано дека во Гостивар на ул.„Мара Угринова“, додека непознат сторител учествувал во свадбена веселба, во еден момент извадил огнено оружје и испукал неколку куршуми во воздух, при што еден куршум удрил во асвалтната подлога и го повредил Ц.Ѓ..

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од МВР.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе