Купиле 983 кубни метри дрво, а не платиле данок

Полицијата од Радовиш поднесе кривична пријава против Т.В. (68), Е.В.(57), двете од село Ораовица, радовишко и М.П. (58) од Радовиш поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Во 2016 година пријавените, по претходно склучен договор за купопродажба на 983 кубни метри огревно дрво, се стекнале со приход од 2.360.220 денари. Но, во пријавата за приходите во 2016 пријавените не го пријавиле наведениот износ, со што се стекнале со противправна имотна корист во висина на предвидениот пресонален данок на доход, на штета на Буџетот на Македонија.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе