Кумановец во животна опасност откако спасил две деца во камион во движење

Кумановец е тешко повреден, откако вчера се обидел да запре камион во движење во кој биле две десетгодишни деца. О.Д. (38)  со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот. Како итен случај бил пренесен во Клинички центар Скопје.

Како што информираат од МВР, настанот се случил вчера околу 15:35 часот во кумановската населба Карпош.

Две деца на десетгодишна возраст влегле во товарно возило „ТАМ" со кумановска регистрација, по што едно од нив го притиснало квачилото и возилото почнало да се движи. Во тој момент, О.Д. од Куманово, кој седел во соседниот двор, забележал дека возилото со децата се движи и почнал да трча по него со намера да го сопре. О.Д. ја отворил предната лева врата и притоа удрил во бетонски столб, паднал и се повредил, а возилото застанало.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе