Полицијата го приведе

Кумановец дома направил лабораторија за производство на марихуана

Полицијата вчера приведе 36-годишен дилер од Куманово. При претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени таблети, марихуана, семки од канабис, како и предмети кои ги набавил за подготовка на мини лабораторија за производство на марихуана – импровизирана направа наменета за производство и одгледување на растенија, вентилатори, рефлектори и друга опрема.

„На 22 септември 2021 во 16:10 часот, полициски службеници од Одделот за Крим-полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.А. (36) од Куманово. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведуваат од МВР.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе