Куќа и плевна изгореа во тетовско

Два објекта, една куќа и една плевна, изгореа во пожари во Шипковица и Горни Челопек. Повредени нема, причинета е само материјална штета.

Како што информира командантот на тетовската противпожарна единица Ука Алити, едниот пожар избувнал вчера, а другиот рано утринава.

„За пожарот во Шипковица е пријавено околу 15 часот. На интервенција заминаа пет пожарникари со две возила. Во куќата живееше петчлено семејство“, изјави Алити.

Пожарот во Горни Челопек е пријавен ноќеска во 01:00 часот. Во објектот кој се користел како плевна за чување добиток и сточна храна е интервенирано со пет возила и седум пожарникари.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе