Куќа и два помошни објекти изгореа во пожар во радовишко село

Куќа и два помошни објекти настрадаа во пожар предизвикан од плинска боца во селото Парналија, радовишко. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

„Завчера во Полициска станица Радовиш било пријавено дека во куќа во с.Парналија,радовишко сопственост на А.А. од с.Парналија настанал пожар од плинска боца , кој се проширил низ целиот помошен објект, куќата и помошен објект во соседниот двор сопственост на С.Џ. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Радовиш“, велат од полицијата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе