Кучето кое искаса десетина луѓе во Аеродром ќе биде усмртенo

За кучето, ротвајлер, веќе е донесена одлука да се усмрти. Ова куче било домашно, па напуштено, а сѐ уште не е пронајден сопственикот.

Од претпријатието Комунална хигиена апелираат доколку некој забележи агресивно куче веднаш да пријави кај нив за нивните екипи да излезат на терен и да го уловат.

Инцидентот со кучето во скопската населба Аеродром предизвика масовно фрлање на отров по скопските улици за да ги усмртат кучињата скитници. Отровот најмногу се остава по парковите и игралиштата каде може лесно да дојде и до децата. Поставувањето на отров е кривично дело и за таквиот чин се одговара пред законот. Веќе се отруени десетина кучиња и уште повеќе мачки. Од МВР пак велат дека работат на расчистување на овие случаи.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе