Скопје

Крвнички претепани две момчиња во Аеродром

Група насилници синоќа крвнички претепале две момчиња, а еден тешко го повредиле, во скопската населба Аеродром. Според полицијата, насилниците ги нападнале и ги претепале В.Г.(27) и М.З.(21) од Скопје.

Од тепањето В.Г. се онесвестил. Очевидци повикале брза помош, по што двајцата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Сведоци раскажуваат дека напаѓачите крвнички го тепале В.Г. пред очите на женско лице. Според неофицијалните информации, групата што ги претепала била поврзана со лихварство и дрога.

Од МВР информираат дека насилството се случило во 22 часот, пред угостителски објект на улицата Методија Шаторов- Шарло. Групата насилници, од кои тројца биле препознаени од претепаните, ги нападнале В.Г.(27) и М.З.(21).

Полицијата извршила увид и ги бара насилниците

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе