Сектор за внатрешни работи Скопје

Кривична за малолетничката која го остави своето бебе на улица

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против А.А (17) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напуштање немоќно дете ".

„Таа, во вторникот околу 11.00 часот на булевар ,,Македонско Косовска Бригада“, своето новородено машко бебе го однела и го оставила на земја во близина на нејзината куќа. Новороденчето било пронајдено од случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош, по што бебето било префрлено на Клиниката за детски болести – Скопје, каде било прегледано и било констатирано дека се наоѓа во добра здравствена состојба. По Наредба од Основно јавно обвинителство – Скопје, била извршена споредбена ДНК анализа на А.А со новороденчето и било утврдено дека таа е мајка на новороденчето. После тоа, бил известен и стручниот интервентен тим од Јавна установа – Меѓуопштински Центар за социјални работи – Скопје за нивно понатамошно постапување“, соопштуваат од МВР.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе