Кршел во кафеана и се расправал со полицајци

Жител на Младо Нагоричане бил приведен, бидејќи агресивно се однесувал кон полициски службеници и оштетил инвентар во угостителски објект во Куманово, соопшти денеска полицијата.

Вчера во 14:24 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Д. (49) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, затоа што оштетил инвентар во угостителски објект на улица „Доне Божинов" во Куманово и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе