МВР

Кривични за градоначалникот на Зрновци и двајца директори

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, до ОЈО Кочани, поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(52) поранешен директор на КЈП „Водна Кула“ Зрновци, Б.С.(59), градоначалник на општина Зрновци и Г.К.(39) сегашен директор на КПЈ „Водна Кула“ .

Поранешниот градоначалник е осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, второпријавениот е осомничен за несовесно работење во службата, а третопријавениот за злоупотреба на службена положба и овластување.

Поранешниот директор на „Водна Кула“ ја искористил ја својата службена положба, и во март 2015 година самоволно ги покачил цените за вода од 20ден за метар кубен на 25 ден и канализација од 4 денари за метар кубен на 6 денари, на корисниците на услуги во  општина Зрновци, без притоа да биде донесена oдлука од Управен одбор на КЈП „Водна Кула“ и без oдлука на Советот на општина Зрновци за давање согласност на нови цени на водата утврдени од Управниот одбор, спротивно на  одредбите од Закон за локална самоуправа, законот за јавните претпријатија и статутот на  претпријатието. Така, во периодот од март до 2015 година до јуни годинава издавале фактури со покачени цени за вода и канализација, со што прибавиле значителна имотна корист за претпријатието „Водна Кула“ од околу 2,4 милиони денари, на штета на граѓаните на oпштинаta Зрновци. Искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во наведениот период директорот постојано го менувал бројот на корисници на услуги, бришел и додавал корисници, со што бројката на корисници постојано варилала околу 170 корисници.

Градоначалникот на општина Зрновци несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и овозможил да се прибави значителна имотна корист за „Водна Кула“, на штета на граѓаните на општина Зрновци. Градоначалникот не утврдил дали согласно закон е извршено покачувањето на цените за вода и канализација во месец март 2015 година, иако надлежноста му произлегува од законот за локална самоуправа, односно истиот не ја исконтролирал законитоста на прописите на Советот на општина Зрновци, со што овозможил на директорот на претпријатието да го реализира противправното покачување на цените за вода и канализација  и да се зголемат приходите на КЈП „Водна Кула“ за паричен износ од околу 2,4 милиони денари во период од 39 месеци.

Сегашниот директорот на „Водна Кула“  во  јуни 2018 година ги намалил цените за вода и канализација на корисниците на услуги во општина Зрновци, односно ја вратил претходната цена на услугите, без притоа да постапи во согласност со законските прописи, и започнал со издавање на нови фактури за наплата со намалени цени за вода и канализација.

 

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе