Пронајдена и одземена дрога

Кривични за четири лица за прозводство и промет на наркотици

Надлежните поднеле кривични пријави против четири лица за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори"

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.Д.(19) од село Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.09.2019на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот и пронашле и одзеле амфетамини,таблети MDMA и кокаин. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Д.(30) од Скопје,поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.08.2019 на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и патничко возило „хонда сивик“ кое го управувал, при што пронашле и одзеле амфетамини. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Л.(21) од Р.Албанија,поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.07.2019 на ул.„Владо Малески“ во Струга,полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.Д.(31) село Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.06.2019 на ул.„8 Септември“ во Дебар, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе