МВР билтен

Кривични против двајца велешани за марихуана

СВР Велес поднесе кривични против 21-годишен и 37-годишен велешанец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори". 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.У.(21) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори". На 18 март годинава на место викано „Костурница" во Велес, пријавениот му продал пакувања со марихуана на С.С., кои потоа биле одземени од полициски службеници. При претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени амфетамини и марихуана.

СВР Велес поднесе кривична пријава и против С.З.(37) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори". На 8 март годинава над пријавениот, кој се враќал од излез во Казнено-поправната установа Велес, надзорник од затворот извршил преглед, при што пронашол и одзел марихуана.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе