Во струшко

Кривични пријави за сопственик на фирма и четворица албански државјани за сеча на дрва

Во атарот на Лабуништа - струшко, полицијата приведе четворица албански државјани кои бесправно сечеле дрва во шума, а кривична пријава е поднесена и против сопственик на правно лице, кој ги ангажирал овие лица.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека Одделението за внатрешни работи од Струга поднело кривична пријава против Е.Ќ.(50) од струшкото село Велешта и против неговото правно лице со седиште во истото село, како и против албанските државјани Л.Д.(21), О.Д.(25), М.К.(45) и Ф.М.(31).

„При контрола извршена на 8 август годинава во месноста Балески лазој, атар на струшкото село Лабуништа, полициски службеници ги затекнале албанските државјани во бесправна сеча на букови дрва и притоа констатирале дека нелегално биле ангажирани за работа од сопственикот на правниот субјект“, изјави Димоски.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе