Кривични пријави за шверцерите на марихуана од Албанија

С.С. (36) и А.Т. (24) од Албанија добија кривични пријави од битолската полиција поради сомневање за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Двајцата пријавени, откако набавиле опојна дрога марихуана, ја спакувале во вкупно 47 најлонски кесиња, ја ставиле во две транспортни торби и од  Албанија се упатиле преку Македонија со намера дрогата да ја транспортираат во Грција.

Ноќта меѓу 19 и 20 јануари по претходно добиени оперативни сознанија за неовластено вршење на транспорт на поголема количина на опојна дрога марихуана, полицајците кај селото Лажец ги фатиле С.С. и А.Т. со марихуаната. Од извршената анализа утврдено е дека се работи за вкупно 33,423 килограми марихуана. Од страна на судија за претходна постапка при Основен суд – Битола, на двајцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе