Кривични пријави за ширење говор на омраза на социјалните мрежи, најавува МВР

По документирање на случајот со објавата на Фејсбук од извесна Фросина Тина Мартиновска која деновиве е споделена на оваа социјална мрежа Министерството за внатрешни работи најави кривична пријава.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук, а таков е случајот и со објавата од извесна Фросина Тина Мартиновска која деновиве е споделена на оваа социјална мрежа и по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти МВР.

Оттаму информираат дека по извршените проверки во персоналната евиденција констатирано е дека лице Фросина Мартиновска не работи во МВР, како што беше пренесено во дел од медиумите.

Од МВР најавуваат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи и ги повикува сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе