Кривични пријави за двајца измамници, земале 50 печки на пелети, а не ги платиле

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против правното лице ДПУ „Делта груп 2018" ДООЕЛ" од Скопје и против А.Љ. (33) и С.Р. (24), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

На 25 август од фирма од Дебар, второпријавениот, како управител на пријавеното правно лице, направил нарачка на 50 печки на пелети, кои биле испорачани на 26/27 август, а третопријавениот со товарно возило ги транспортирал до Скопје. Пријавените не ги исплатиле издадените фактури за испорака, со што нанеле материјална штета на фирмата од Дебар во вредност од 3.201.075 денари.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе