Кривични пријави за директорот и вработени во дом за стари лица во Куманово

СВР Куманово на 30 минатиот месец до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против С.С. (64) и Џ.Н. (41) од село Слупчане во општина Липково, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” и против Е.А. (35) и А.Б. (43) од Куманово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Фалсификување или уништување на деловни книги”.

Џ.Н. како службено лице, директор на Јавната општинска установа Дом за стари лица „Зафир Сајто” во Куманово со помош на С.С. како претседател на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” во Куманово на седницата одржана на 13.07.2015 година, на дневниот ред, под точка 4 ставил „Донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата и му дал уверување дека истата е неопходна за почеток на формирање на систем- програма за плати што е неопходно за нормално функционирање на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто”. По ова С.С. на дневен ред под точка 4 ставил „Донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата за која бил должен да знае дека е спротивна на Законот за социјална заштита, Колективниот договор за социјална заштита, Колективниот договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за социјална заштита од јануари 2009 година и излегува надвор од негови овластувања. Со овие дејствија С.С. и Џ.Н. им овозможиле на вработените во ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” од Куманово да се стекнат со плати повисоки за износите кои ги примале како „посебен додаток” во период од август 2015 до мај 2018 година, односно за вкупен износ од 3.790.928 денари, а второпријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 588.134,00 денари, со што го оштетиле Буџетот на РСМ за вкупен износ од 4.379.062 денари. Е.А. и А.Б. иако биле должни согласно описот и пописот на работното место архивар во делот „работни задачи”, под точка „Чување и надзор на документите во работните простории”, на точно неутврден датум го прикриле или уништиле Записникот од одржана седница на Управен одбор на која е донесена Одлуката за утврдување на коефициент.

 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе