Кривични пријави за 7 лица за лажни ПЦР-тестови на Табановце

Седум лица добија кривични пријави поради приложување на фалсификувани ПЦР тестови. Со нив се обиделе да поминат на граничниот премин Табановце. 

„Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривични пријави против Н.С.(29), Н.Н.(57), С.А.(36), тројцата од Скопје, А.Р.(20), И.Р.(46), двајцата од Тетово, А.М.(27) од Струмица и К.Л.(53) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа" и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија". На 09.10., 17.10. и 20.10.2021 година на Граничен премин Табановце, пријавените приложиле фалсификувани ПЦР тестови“, соопшти полицијата. 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе