Кривични пријави за 5 македонски и 8 албански државјани за бесправно сечење дрва

Вкупно 13 лица од кои петмина се македонски, а осуммина албански државјани и една фирма добија кривични пријави за бесправна сеча на дрва, информира МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.М.(49) од с.Мислодежда, струшко, З.М.(49) од с.Мислодежда, Т.А.(26) од с.Долно Татеши, Б.М.(28) од с.Мислодежда, Е.Л.(50) од с.Ново Село, струшко, Ш.Л.(28) од Бишнице, Поградец, Ф.Ѓ.(40) од Бишнице, А.Е.(29) од Велчан, Поградец, Ф.Х.(37) од Велчан, П.Ѓ.(33),  Е.Ѓ.(35), В.Х.(26), тројцата од Бишнице, Д.Б.(23) од Поградец, сите осум државјани на Република Албанија, и правно лице од с.Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „кражба" на дрва.

Првопријавениот, во својство на сопственик, а второпријавената во својство на одговорно лице во пријавената фирма, по истекување на договорот за сеча и дотур на дрва, кој бил склучен на 08.06.2021 година помеѓу ЈП„Национални шуми“ П.О. Скопје и подружница ПШС „Јабланица“, ги ангажирале пријавените лица за нова сеча на дрва, по што тие на 25.06.2022 биле затекнати како вршат бесправна сеча на дрва.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе