Кривични пријави против тројца битолчани осомничени за тешка кражба

Кривични пријави за „тешка кражба“ ќе бидат поднесени против тројца битолчани, М.П. (23), К.Б. (25) и С.М. (23) кои полицијата ги привела вчера во Скопје. На 14-ти овој месец во продажен објект на улицата „Никола Тесла“ во Битола тие украле различни марки на мобилни телефони и фотоапарати, како и  промет од продажба, со што стекнале имотна корист од околу 900.000 денари.

По претходно добиени оперативни сознанија од Одделението за крим полиција при Отсек за општ криминал при СВР Битола, полицијата вчера ги пронашла сторителите и украдените предмети во скопската населба Козле, на улицата „Јуриј Гагарин“, кога извршиле преглед на патничко возило „мерцедес 190“.

„Полициски службеници извршиле преглед на патничко моторно возило марка „мерцедес 190“, со прилепски регистарски ознаки, во кое се затекнати М.П. (23), К.Б. (25) и С.М. (23), сите од Битола, а кај лицето С.М. пронајдени се и одземени околу 14.000 денари. Од извршен                                                                                     ите проверки утврдено е дека горенаведените предмети потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“. Лицата се преземени од страна на Одделението за крим полиција при Отсек за општ криминал при СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира МВР. 

 

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе