Кривични пријави против 10 дрвокрадци

Полициската станица Гостивар поднесе кривични пријави против Ф.И.(49), М.Х.(50), Ф.А.(31), Ќ.А.(33), Ф.С.(25), З.С. (41), З.С.(31) , О.А.(44), Е.А.(46) и Н.А.(53) од Лакавица и Падалиште, Гостиварско, поради постоење основи на сомневање за пустошење шума, кражба на дрва и против еден за измама.

Тие во периодот од 2017 година до ноември годинава во атарот на местото викано Голема Равнина, село Падалиште пријавените извршиле бесправна сеча на 58,92 метри кубни букови дрва.

Пријавените Ф.И. и М.Х. дрвната маса ја транспортирале со товарни и патнички возила, ја обработувале во дворови складирана во вреќи, а потоа со возила ја транспортирале до купувачи за цена од 40-45 евра за метар кубен огревно дрво. Организаторите на другите пријавени лица, им плаќале за извршена бесправна сеча од 20 до 23 евра, по метар кубен дрвна маса. Покрај ова, М.Х. со прикажување лажни факти дека дрвната маса е легална измамил 68 годишно лице од село Падалиште. По преземени мерки од страна на полициски службеници  од  оштетениот од село Падалиште била одземена нелегално купена дрвна маса и истата била предадена на ШСЕ-Шар Гостивар, а од извршени претреси во возила, куќи и викендица, како и од извршена контрола по возила и терен е затекната дрвна маса 38 метри кубни и таа била предадена на чување на ШСЕ-Шар Гостивар. На овој начин пријавените го оштетиле јавното претпријатие ШСЕ – Шар Гостивар за 724.500 денари .

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе