Кривична за тројца стружани, со службени картички полнеле гориво во сопствените автомобили

Три лица од Струшко добија кривични пријави поради злоупотреба на службена положба и со безготовински картичка полнеле гориво во сопствените возила.

СВР Охрид соопшти дека Полициската станица од Струга поднела кривична пријава против Р.И.(49), од селото Горно Татеши, Ј.З.(53) од селото Делогожда и Б.В.(45) од селото Велешта.

„Пријавените во текот на 2017 година, како службени лица вработени во правен субјект во државна сопственост М-НАВ АД Скопје-АКЛ Охрид, во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, покрај во службените, го точеле и во сопствените приватни возила“, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицата прикажувале лажни сметки и налози со што се стекнале со противправна имотна корист од 640.041.84 денари.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе