Кривична за скопјанец за даночно затајување

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(45) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „даночно затајување".

Пријавениот, како физичко лице – даночен обврзник, информираа од МВР, во текот на 2021 година преку брз трансфер на пари во повеќе наврати примил парични средства во девизи во вкупен износ во денарска противредност од 1.579.834 денари.

„Реализираните приходи тој не ги пријавил и не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи со што избегнал плаќање на данок на личен доход во вкупен износ од 157.983 денари согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка, со што го оштетил буџетот на Република Северна Македонија за истиот износ,“ појаснуваат од МВР. 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе