Kривична за Скопјанец, исфрлил голема количина градежен шут во село Орман

Полицијата поднесе кривична пријава против приватна фирма од Скопје и нејзиниот сопственик поради загрозување на животната средина и природата со отпад.

Со две товарни возила „мерцедес“ во сопственост на фирмата, во атарот на селото Орман, била исфрлена голема количина градежен шут и друг вид отпад.

Од МВР информираат дека фирмата е во сопственост на Н. Р. (49) од Скопје, а настанот се случил минатата година. Со тоа, како што велат од МВР, сопственикот и фирмата довеле до создавање депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе